Тим истражувачи од „Калтек“ креираа нова електронска кожа, односно е-кожа.

Оваа е-кожа се става дирекно врз вистинската кожа на човекот. Направена е од мек, еластичен гумен материјал во кој можат да се вградат сензори.

Преку сензорите може да се следи температурата на телото, шеќерот во крвта и метаболичките нус продукти.

Исто така, сензорите можат да бележат и податоци за невронските сигнали кои ги контролираат мускулите, а работат иклучиво на ќелии од биогориво. Просто кажано, сензорите работат со помош на потта од човекот кој ги носи.

Како што велат од „Калтек“, во сензорите се наоѓаат ќелии со ензими кои го разградуваат лактатот, а тој се наоѓа во потта. Поради тоа е-кожата во текот на неколку дена има стабилен извор на енергија од неколку миливати по квадратен центиметар.

Истражувачите овозможиле уште една функција – сензорите преку Bluetooth можат да се поврзат со мобилен телефон на кој би пристигнувале нотификации доколку нешто не е во ред, пренесува сајтот Slashgear.

Извор: B92.net