Google и Samsung заедно рабитеа на развојот на Flex режимот за Galaxy Z Flip. Поради тоа, не претставува изненадување што јужнокорејската компанија објави додавање на поддршка за споменатата функција во рамките на YouTube апликацијата.
Flex модот врши поделба на 6,7-инчниот екран на флексибилниот смарфон на два 4-инчни дисплеи, кога телефонот е делумно расклопен. Во таа ситуација, двата дела на екранот можат да прикажуваат различни содржини од една апликација. Кога е во прашање YouTube, корисниците можат да гледаат видео во горната половина на екранот, додека во долната половина можат да извршуваат други дејствија, како што е пребарување видеа или оставање коментари.
Flex режимот и овозможува на YouTube апликацијата да го прилагодува пуштањето на видеа без оглед на односот на страници на видеото. Соработката на две компании вклучува и интерграција на Android Support Library за да се претстави Flex режимот за екстерни сервиси.
Ажурираната YouTube апликација е достапна за преземање од Play Store во верзијата 15.15.38.