Првпат во историјата направено е мапирање на целокупната месечева површина и класификација на геологијата, која што го отвора патот на сигурните идни слетувања на Месечината и нè потсетува уште еднаш да погледнеме горе над нас.
Научниците од американскиот Научен центар за астрологија, во соработка со NASA и Лунарниот и планетарен Институт, направиле „Обединета геолошка карта на Месечината“ во размер 1: 5000000, со што ја означиле децениската работа.
„Луѓето отсекогаш беа фасцинирани од Месечината, а кога би можеле да се вратиме таму…“ – изјавил сегашниот директор на Геолошкиот Институт и поранешен астронаут на NASA, Џим Рајли.
„Значи, прекрасно е да се види како Геолошкиот институт создава ресурс кој што може да ѝ помогне на NASA во планирањето на идните мисии“.
Долготрајното и макотрпно спојување на старите и новите податоци, овозможило истражувачкиот Институт да произведе обединет опис на слоевите карпи на Месечината, со различни бои кои што означуваат различни геолошки ери.
Розовите доминира над површината на Месечината, обележувајќи го времето во текот на ‘бомбардирањето’ на Месечината од страна на астероид од вселената.
NASA моментално се подготвува за нова мисија на Месечината. Тоа би требало да се случи во 2024-та година и веројатно ќе го вклучува и првиот женски астронаут кој што ќе стапне на месечевата површина.
Во меѓувреме, рускиот Институт за вселенски истражувања ја креира првата во светот топогравска, тродимензионална карта на Месечината за да им помогне на астрономите во идните слетувања на Месечината.
Извор: Informer.rs
Поврзани артикли