Според извештајот на Bloomberg, Apple планирадо 2021. година да претстави Mac компјутери со сопствени процесори. Според наводите од извештајот, кој цитира извори блиски на Apple, компанијата работи на три различни процесори.
Процесорите се засновани на следните Bionic A14 чипови, но се многу побрзи. Кога се во прашање уредите кои ќе ги добијат, процесорите се очекуваат барем на еден Mac компјутер следната година.
Чиповите се засновани на ARM архитектура, а ќе ги произведува Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC). Споменатата компанија произведува и чипови за iPhone и iPad уредите.
Првите чипови за Mac со Apple брендирање, ќе имаат осум јадра со високи перформанси и барем четири енергетски ефикасни јадра. Apple во иднина би можел да креирта и процесори со повеќе од 12 јадра, според наводите од извештајот.
Засега не е ппознато кој уред на Apple прв ќе го добие новиот процесор, а извештајот на Bloomberg сугерира дека тоа ќе биде нов лаптоп.
Apple моментно користи Intel чипови во своите Mac, iMac и MacBook линии. Преминот на чипови од сопствено производство би требало да и овозможи на компанијата подобра контрола над перформансите на своите уреди. Исто така, ова на Apple ќе му го олесни обединувањето на својот систем на апликации, на што компанијата веќе некое време работи.