Иако многумина очекуваат дела компанијата Realme денеска ќе претстави нов смартфон под името Realme X50 Youth Edition, кинескиот производител ги изненади фановите со поинакво име на уредот – Realme X50m 5G. Во прашање е Realme RMX2142 моделот, кој неодамна доби TENAA сертификат.
Realme X50m поголем дел од своите спецификации ги позајмува од Realme X50 5Gl моделот, кој е претставен во јануари. Разликата помеѓу двата модела во најголема мерка е на полето на камерите. Realme X50m има 6.57-инчен дисплеј со два punch-hole отвора, со поддршка за 120Hz освежување и Full HD+ резолуција. Односот на страници е 20:9, а screen-to-body односот изнесува 90,4 проценти.
Смартфонот го покренува Snapdragon 765G чипсет, со поддршка за dual-mode 5G конекција. Достапни се и LPDDR4x RAM и UFS 2.1 складирање. Android 10 OS е прилагоден со Realme UI кориснички интерфејс. Телефонот има 4200mAh батерија, со поддршка за 30W Dart технологија на полнење.
Кога се во прашање камерите, на задната страна се наоѓа 48MP главна камера, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP портрет камера. Во отворот на дисплејот се сместени две камери, 16MP главна и 2MP сензор на длабочина. Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа од бочната страна.