Потрошувачката на дигитални игри достигна рекордни 10 милијарди американски долари во март бидејќи луѓето затворени во домовите поради пандемијата од коронавирус играат повеќе, сподели специјализираната компанија „СуперДата“ во четвртокот.
Вкупниот приход од продажбата на дигитални игри во март беше 11 проценти поголем во однос на истиот период лани, соопштија оттаму, објаснувајќи дека главната причина за зголемената продажба преку дигитално превземање е затворањето на физички продавници.
Приходите од игри кои се играат на водечките конзоли скокнаа за 70 проценти во март во однос на претходниот месец, на 1,5 милијарди долари.
Потрошувачката за игри што се играле на персонални компјутери со високи перформанси се искачиле за 56 проценти на 567 милиони долари.
Игрите што се играат на конзоли и компјутери се особено популарни во Европа и Северна Америка, каде ограничувањата за излегување беа затегнати во март заради пандемија.
Трошоците за игри за мобилни телефони, кои во најголем дел се играат на мобилни телефони, се зголемија за 15 проценти на 5,7 милијарди долари, објави „СуперДата“.
– Луѓето се свртуваат кон игрите како сигурна форма на забава за време на кризата од „Ковид 19“ и ја користат опцијата онлајн мултиплеер за да останат во контакт со другите, наведува СуперДата во блогот.
Меѓу „бестселерите“, тие ја издвојуваат „Animal Crossing: New Horizons“ на „Нинтендо“, со продадени пет милиони дигитални копии, најмногу за еден месец откако беше објавена.
Тие, исто така, ја истакнуваат „Pokemon Go“, чија продажба во март скокна за 18 отсто, откако нејзиниот производител „Ниантик“ ги смени нејзинте карактеристики, така што играчите повеќе не треба да излегуваат надвор во потрага по „Pokemon“, објаснува „СуперДата“.