Водечкиот германски и светски виролог Кристијан Дростен, е експерт за коронавирусот и еден од авторите на тестот за САРС. Дали е можен втор бран на зараза е едно од прашањата на научниците кои постојано го истражуваат новиот вирус.
Проф. д-р Кристијан Дростен смета дека имунитетот стекнат поради зараза со некој друг вид коронавирус во текот на зимата би можел да овозможи заштита и против Ковид-19. Коментирајќи го наводниот втор бран во Азија, тој истакнал дека станува збор само за стари случаи на вирусот односно пациенти кои не биле излечени до крај. И тука на сцена настапува дилемата за ефикасноста на “PCR” тестовите кои станаа незаобиколна метода во молекуларните истражувања, а чија предност во однос на стандардните имунолошки и микробиолошки тестови е брзината на изведување и добивање на резултатите.
„Да го замислиме телото како езерце со златни риби. Тестирањето значи со заврзани очи да се обидеме да фатиме некоја риба со кофа. Пред крај на заразата со Ковид-19, кога пациентот субјективно и објективно се чувствува подобро, вирусот сè уште е присутен, но неговата концентрација е под границата на “PCR” тестовите. Како да има помалку риби во езерото, па два-три пати нема да ги фатиш, но третиот пат ќе успееш”, објаснил професорот дека не е возможен втор бран на зараза.
Дростен кој управува со институтот Charite во Берлин и кој е еден од првите кој го изолирал вирусот САРС, “постариот брат” на Ковид-19 и работел на развивање тестови, вели дека заразата сепак нема да биде под контрола сè додека не се пронајде вакцина.
Како што додава тој, најважни се реакциите од државите како повторно воведување на изолација и соработка со граѓаните и сето тоа додека технологијата на следење, во која положува голема надеж, не обезбеди нова заштитна мрежа.
Препораката на Дростен е дотогаш да го следиме правилото “Six Feet – Six Seconds” односно да држиме растојание од другите од 1,8 метри и комуникацијата да трае 6 секунди.
Поврзани артикли