Новата мала студија открива дека новиот коронавирус досега мутирал во 30 различни типови на мутации.
Тим истражувачи од универзитетот во Жеџанг во Кина вели дека постојат десетици мутации од новиот коронавирус. Најопасните, велат тие, се забележани во Кина, а слични мутации се шират и низ цела Европа, пренесува „South China Morning Post“. Послаби секвенци на овој вирус се забележани во Америка.
Научниците велат дека постои тип А, кој е оригиналниот вирус што е пренесен од лилјаците на луѓето. Овој тип не бил најчест во Кина, што изненади многумина. Во Кина, велат научниците, најмногу се проширил коронавирус од типот Б.
Тип А засега е најдоминантен во Австралија и Америка. Две третини од тестираните Американци се заболени од вирус тип А. Д-р Питер Форстер вели дека вирусите од типот Б се вообичаени во Англија и дека три четвртини од вкупно тестираните пациенти се заболени токму од тој тип вирус. Покрај тоа, тип Б доминира и во Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија.
Типот Ц е “ќерка” на типот Б и истиот дошол во Европа преку Сингапур, велат научниците. Тип Ц ја погоди и Италија.
Научниците веруваат дека вирусот SARS-CoV-2 константно мутира за да се прилагоди на различните имунолошки системи. Она што досега го заклучиле е дека Америка е погодена од најслабиот вид на вирус, додека пак потешкиот и смртоносен најмногу ја погоди Европа.