Американските научници од Националната управа за океани и атмосфера NOAA објавија дека постои дури 75 отсто шанса 2020 година да биде најтоплата година на планетата Земја во историјата на мерење температура.
На ова укажува и податокот дека првите три месеци од годината биле потопли само во 2016 година кога беше забележан силен впечаток на феноменот наречен “Ел Нињо” кој со загревањето на Пацификот влијае на глобалниот температурен просек.
„Ел Нињо” оваа година не е толку силен, а февруари и март сепак биле најтопли во историјата, се наведува во истражувањето.
JUST IN: January 2020 surpassed 2016 as the warmest #January on record for globe, according to @NOAANCEIclimate https://t.co/Y88Yf1yBud #StateOfClimate pic.twitter.com/2rkFPVi85r
— NOAA (@NOAA) February 13, 2020
Научниците предупредуваат дека долгорочниот тренд на загревање е последица на емисија на гасови со ефект на стаклена градина поради согорувањето на фосилните горива и дека, дури и да не биде најтопла, 2020 речиси сигурно ќе биде помеѓу петте најтопли години некогаш.
Ова може да бидат и добри вести, ако го земеме предвид фактот дека прелиминарните резултати од експериментите спроведени во американската државна лабораторија покажуваат дека коронавирусот не може долго да преживее на високи температури и во сезони на висока влажност, како и дека брзо го уништува сончевата светлина.