Неодамнешниот случај кој е наведен во студијата која чека рецензија, зборува за 68-годишен маж од Кина кој уште два пати бил заразен по првобитното закрепнување од коронавирус.
Мажот кој исто така имал срцеви проблеми, бил тестиран само неколку дена откако забележал поблаги симптоми. Тогаш тој бил негативен на тестот и се сметало дека е безбедно да го отпуштат од болница.
Човекот се вратил дома за по само една недела повторно да пројави симптоми. Овој пат тестот бил позитивен. Потоа поминале уште 7 дена до закрепнувањето и тестот кој бил два пати направен покажал негативни резултати.
Меѓутоа, она во кое лекарите не можат да поверуваат е дека по 4 дена, Кинезот повторно бил позитивен на коронавирус. Неговата дијагноза ги загрижи научниците ширум светот бидејќи во тој случај и да постои вакцина, опасноста од повторна инфекција може да биде опасно голема.
Имено, во февруари се појавија извештаи за жена од Јапонија која успеала повторно да се зарази со коронавирус по целосното закрепнување.
Австралискиот репортер Ричард Вилкинс бил помеѓу оние кои исто така имале флуктуирачки резултати на тестовите. Тој на својот Инстаграм профил споделил слични информации – дека повеќе од 3 пати бил позитивен иако немал никакви симптоми.
View this post on InstagramA post shared by Richard Wilkins (@richardwilkins) on
И покрај повеќекратните извештаи за можноста од повторна инфекција, некои експерти се сомневаат дека такво нешто е воопшто возможно.
Професорот Џими Витворт вели дека овие извештаи се веројатно последица на начинот на кој се вршени тестовите.
„Има неколку изолирани примери во кои е забележана повторна инфекција. Луѓето биле позитивни, па негативни, па по одредено време повторно позитивни. За среќа, тоа не се случува во поголемиот дел од случаите. Луѓето всушност само еднаш се заразуваат. Мојата теорија е дека не биле добро земени примероци, па вирусот не секој пат бил добро зафатен со брисот“, изјавил професорот.
Како што вели тој, во овој момент преовладува мислење дека повеќето луѓе стануваат имуни на вирусот откако ќе го прележат, иако официјално не е утврдено колку трае таа имунизација.
„Повторната инфекција не може да се исклучи, но можно е тестот да зема траен вирусен материјал од клетките, дури и откако вирусот е убиен“, истакнал професорот Витворт.