Здравствените власти на државата соопштиле дека епидемиолошките истраги се во тек.
Повеќето од закрепнатите пациенти од коронавирусот во Јужна Кореја повторно биле заразени, покажале тестовите кои што биле направени.
Бројот на заразени луѓе во Јужна Кореја кои што по вторпат биле позитивни на коронавирусот, откако претходно закрепнале од истиот, се искачил на 91.
Џеонг Еун, шеф на корејскиот центар за контрола и превенција на болести, изјавил дека вирусот е можеби ‘реактивен’, и дека пациентите не се инфицирале повторно туку дека се разболеле повторно.
Здравствените власти од таа земја изјавиле дека епидемиолошките истраги се во тек, за да се утврди што стои зад овој нов вознемирувачки ‘тренд’, затоа што многу од земјите се надеваат дека луѓето ќе развијат доволен имунитет за да го спречат понатамошниот раст на пандемијата.
„Бројот само ќе се зголемува – 91 е само почеток“ – изјавил Ким Во-џо, професор за заразни болести при Универзитетот во Кореја, додавајќи дека веројатно болеста се ‘вратила’.
Грешката при испитувањето исто така може да биде една од причините, изјавиле експертите, или пак остатоците од самиот вирус би можеле да бидат во човечкиот систем, но не можат да бидат заразни или пак опасни по домаќинот или пак некој друг.
„Постои различна интерпретација и многу варијанти“ – изјавил Јунг Ки-сук, професор по белодробна медицина.
„Владата мора да пронајде одговор за секоја од овие променливи“ – изјавил Јунг.
Поврзани артикли