На корисниците на Gmail секојдневно им пристигнуваат лажни пораки за Ковид-19, наведува Google.
Пандемијата доведе до голем број кражби на идентитет со помош на кои поединците пробуваат да ги измамат корисниците за да ги откријат личните податоци, пренесува Google.
Компанијата наведува дека блокира повеќе од 100 милиони пораки дневно. Во текот на измината недела, речиси петина од пораките биле всушност измами поврзани со коронавирусот. Gmail на Google го користат 1,5 милијарди луѓе.
На поединците им пристигнуваат огромен број лажни пораки во кои измамниците се претставуваат како челници од Светската здравствена организација, во обид да ги убедат жртвите да донираат пари. Сајбер-измамниците, исто така, пробуваат да ги искористат владините економски пакети на помош, претставувајќи се како некој од јавна институција. Google наведува дека може да блокира повеќе од 99,9 проценти лажни пораки.
Неколку компании за сајбер сигурност бележи пораст на кражба на идентитети во врска со коронавирусот. Измамниците се претставуваат дека се од британската влада, Светската здравствена организација, па дури и како одредени американски функционери, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп.