За разлика од ИТ-индустријата, во автомобилскиот сектор, секој производител пристапува кон развој на сопствена програма за работа на мултимедијалните системи, дизајнирана да ги задоволи потребите за фунционирање на останатите системи во автомобилот.
Ваквата стратегија води до нееднакви софтверски решенија меѓу производителите и поголема конфузија кај возачите при префрлување од една платформа на друга. Ова дополнително подразбира и повисоки нивоа на сообраќаен ризик затоа што луѓето зад воланот трошат повеќе време за учење на софтверот отколку на она што се случува во сообраќајот.
Манипулирање со поставките на системот за навигација, прилагодување на посакуваната температура во салонот преку управување со работата на единицата за климатизација, па дури и наједноставната желба како зголемување на тонот од радиото, се активности кои можат да доведат до фрустрација на возачот. Ситуацијата е особено комплицирана во отсуство на аналогни прекинувачи за вакви активности односно во случај кога е неопходна употребата на екраните за допир.
Неодамна, во Велика Британија е спроведено големо истражување, иако повеќе може да се нарече тест, на околу дваесет софтверски решенија за инфо-забавниот систем во современите автомобили. Презентираните резултати се преглед во оценките, при што максималниот резултат е ограничен на триесет.
Општата премиса е: колку е покомплексен системот, толку помалку е ергономски супериорен, односно истиот е побавен. Сето ова, во крајна линија води до често тргање на погледот на возачите од патот.
Тестот е спроведен така што двајца возачи ги оценувале перформансите на секој систем, се со цел да се елиминира субјективното расудување. Двете лица во дваесет различни автомобили извршувале (понекогаш и сложени) задачи како внесување дестинации за навигација, зумирање на мапите, напуштање на навигацијата, избор на радио станица…
Резултатите се следни:
- BMW Серија 3 – Live Cockpit Professional (28/30)
- Mercedes CLA – екран со дијагонала од 10,25-инчи (27/30)
- Porsche Panamera – Connect Plus и PCM (27/30)
- Audi Q3 Sportback – Virtual Cockpit Plus (26/30)
- Mazda 3 – Mazda Connect (25/30)
- VW Passat – Composition Media System (24/30)
- Ford Fiesta – Sync 3 и FordPass Connect (23/30)
- Hyundai Ioniq – екран со дијагонала од-10,25 инчи и Bluelink (22/30)
- Vauxhall (Opel) Corsa – екран со дијагонала од 10-инчи заедно со Multimedia Navi Pro (22/30)
- Škoda Kamiq – екран со дијагонала од 9,2-инчи (21/30)
- Jaguar XE – екран со дијагонала од 10-инчи и Touch Pro Duo (21/30)
- Volvo S60 – Sensus (20/30)
- Toyota Corolla – Touch 2 media (20/30)
- Nissan Juke – Nissan Connect (19/30)
- Honda CR-V – екран со дијагонала од 7-инчи и Honda Connect (18/30)
- Lexus RX – екран со дијагонала од 12,3-инчи (18/30)
- Peugeot 508 SW – екран со дијагонала од 10,0 инчи и Connected 3D Navigation (17/30)
- Škoda Citigo-e iV – екран во боја (16/30)
- Fiat 500X – екран со дијагонала од 7-инчи и Uconnect Live (14/30)
- MG ZS – екран со дијагонала од 8-инчи (12/30).
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли