Фотографиите прикажуваат низа темни точки, кои се всушност честички на патоген.
Научниците од еден од најголемите јужноамерикански медицински истражувачки центри го фатија точниот момент кога коронавирусот навлегува во човечките клетки.
Фотографиите настанале во моментот кога во бразилската фондација Освалдо Круз (fiocruz.br) ја проучувале репликацијата на вирусот, познат како Sars-CoV-2.
Со помош на преносниот електронски микроскоп, дел од комплетот кој може да ги зголеми работите до два милиони пати, го снимил процесот како коронавирусот ги инфицира клетките.
Фотографиите прикажуваат низа темни точки, кои се всушност честички на патоген.
На првата фотографија (најгоре) се гледа како овие честички пробуваат да влезат во цитиплазмата на клетката.
Останатите фотографии можете да ги погледнете подолу: