Ако сте вие еден од нив, пробајте една од интересните апликации, со кои би можеле да си го исполните времето и да излезете од изолација со побогато знаење и искуство.
1. Makedonika
Дали знаевте дека Фондацијата Македоника има мобилна апликација насловена како Makedonika, во која можете да читате бесплатни е-книги на македонски јазик? Прекрасна шанса да уживате во различните светови на книгите додека сте дома преку најголемата е-библиотека на македонски јазик, полна со богати домашни и странски наслови и тоа дури и кога не сте поврзани на интернет. Потребно е само да се регистрирате и вашите одбрани е-книги започнувате да ги додавате на полицата „Мои книги“, а со помош на подесувањата може да се менува видот и големината на фонтот, маргините, боите, позадините.
2. Google Duo
Времето секогаш брзо поминува во кругот на семејството и пријателите. Пробајте ја апликацијата Google Duo за да останете во контакт со вашите најблиски во ова време. Galaxy S20 смарт уредитеобезбедуваат подобро искуство со видео разговор преку ексклузивното партнерство со Google и видео повиците на Google Duo со HD квалитет. Google Duo е компатибилен со сите оперативни системи. Со користење на широк објектив на најновите уреди од семејството на Samsung Galaxy, корисниците можат да го вклучат целото семејство во повикот и да разговараат со осум пријатели одеднаш во 1080p FHD.
3. Coursera
Проширете го вашето знаење и добијте го сертификатот кој отсекогаш сте сакале да го имате. Coursera соработува со универзитети и други организации, нудејќи online курсеви, специјализации и дипломи за различни професии, како што се инжинерство, data science, машинско учење, математика, бизнис, информатика, дигитален маркетинг, хуманитарни науки, медицина, биологија, општествени науки и многу други.
4. Sworkit
Со апликацијата за фитнес, можете да вежбате од дома, а најчесто не ви треба друга специјална опрема, освен удобна облека и патики. Полесно е и поевтино отколку да плаќате членарина во теретана. Sworkit е апликација за секој кој сака да биде посилен, ослабнат, затегнат или во подобра форма. Откако ќе ја поставите целта и откако апликацијата ќе го одреди вашето моментално фитнес ниво, следи шестнеделната тренинг програма со неделни цели. Одлучете колку време сакате да одвоите, а апликацијата ќе го прилагоди планот според вашиот распоред.
5. Duоlingo
Можеби сега е време да го научите јазикот кој отсекогаш сте посакувале да го знаете, а Duоlingo е бесплатна апликација која ќе ви го овозможи тоа. Курсевите нудат постепено учење на зборови и реченици, со слушање и изговарање зборови и други слични методи. Освен што е бесплатен, Duolingo има и други предности за курсот за странски јазици во однос на некои училишта. Сами бирате кога ќе учите и сами ја одредувате брзината на учење.
Грижете се за себе и за другите и затоа #останидома.