Honor 30 серијата телефони, во рамките на која се очекуваат Honor 30, Honor 30 Pro и Honor 30 Lite моделите ќе биде претставена на 15. Април во Кина. Во меѓувреме, претседателот на Honor, Жао Минг објави рендери за она што се верува дека е Honor 30 Pro.
Рендерите го откриваат дизајнот на задната страна на уредот, каде што се наоѓа Matrix Camera модулот. Тука е сензорот со четири камери, кој се состои од перископ телефото сензор и 50MP IMX700 сензорот. Рендерите укажуваат и на две бои – сина и сива. Претходните извештаи сугерираа дека телефоните од Honor 30 серијата ќе ги покренува новиот Kirin 985 5G чипсет.
Кога е во прашање Honor 30 Pro, смартфонот е претходно забележан на TENAA листата (заедно со стандардниот Honor 30 модел) со 6.57-инчен Full HD+ (1080 × 2340p) OLED екран и осмојадрен чипсет со работен такт од 2.86GHz. Се верува дека во прашање е Kirin 985. Телефонот ќе биде достапен со 8GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање.
Поврзани артикли