Компанијата Samsung во јули или август ќе го претстави наследникот на Galaxy Fold, а на интернет се појавија гласини за него.
Веб-страницата SamMobile пишува дека ќе излезе поевтин модел со интерна меморија од 256 GB, додека за моделот со 512 GB ќе биде потребно да се издвојат повеќе пари. Првиот Galaxy Fold беше достапен само со 512 GB интерна меморија по цена од 1.980 долари.
Гласини за наследникот на Galaxy Fold се појавија уште во март минатата година, а тогаш се појави Galaxy Z Flip.
Bloomberg објави дека новиот Fold ќе има 7,7 или 8-инчен екран, додека актуелниот Fold има 7,3-инчен екран.
Новиот Fold би можел да ја наследи камерата на Galaxy S20 Plus кој има телефото камера од 64 MP.
Најважниот аспект ќе биде издржливоста на флексибилниот уред.
Извор: Klix.ba