Samsung Electronics е еден од првите најголеми технолошки гиганти кои ги објави податоците за заработка откако избувна пандемијата од коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека приходите во првиот квартал изнесувале 44,9 милијарди долари, што претставува раст од пет проценти во однос на истиот период во 2019 година.
Се очекува оперативниот профит да се зголеми за три проценти, на 5,23 милијарди долари.
Детални податоци за причините за приходите Samsung ги објавува дури кон крајот на април.
Сепак, неизбежно е дека компанијата ќе биде погодена од пандемија поради очекуваниот пад во класична продажба и проблеми во синџирот на снабдување, како и финансиската неизвесност.
Тоа можеби сè уште не се одразува на приходите на компанијата, но многу зависи од тоа колку долго ќе трае пандемијата.