Samsung Galaxy Tab S6 е објавен во јули минатата година, а пристигна со поддршка за Android 9 Pie. Таблет уредот сега почнува да го добива Android 10 ажурирањето.
Новиот фирмвер има ознака T865XXU2BTC7, а ја вклучува и Android сигурносната закрпа за март. Не е познато дали оваа верзија на софтверот го имплементира One UI 2.0 интерфејсот или директно ја овозможува One UI 2.1 верзијата.
Моментно, ажурирањето е забележано во Германија, каде го добиваат LTE верзиите на Galaxy Tab S6 таблетот, а наскоро се очекува и за Wi-Fi варијантите.
Проверката на достапност на Android 10 ажурирањето може да се направи на Galaxy Tab S6 со одење во менито Settings > Software update .