Интернет страницата WinFuture ги потврдува раните информации и рендери, кои ја прикажуваат верзијата Oppo Reno 3 Vitality на паметниот телефон за меѓународни пазари, каде ќе го добие името Oppo Find X2 Lite.
Покрај изгледот, Lite верзијата на Find X2 паметниот теелфон ќе ги преземе и функциите на уредот. Го одликува 6,4-инчен AMOLED FHD+ екран со засек и интегриран сензор за отпечатоци од прсти, осмојадрен Snapdragon 765 чип со Snapdragon X52 5G модем, 8 GB RAM, 128 GB непроширлива интерна меморија и батерија со капацитет од 4025 mAh.
Фотографската компонента се состои од 32-мегапикселна селфи камера во notch и четирикратна задна камера, која се базира на главниот 48-мегапикселен сензор, 8-мегапикселен ултраширок сензор, 2-мегапикселен сензор за длабочина и 2-мегапикселна макро камера (можно е да снима 4K видео, а нема оптичка стабилизација).
Освен поддршката за 5G мрежи, треба да се истакнат и Wi-Fi 6, NFC и 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки. Оперативниот систем е Android 10 со ColorOS 7.0 интерфејс, а во продажба пристигнува со цена од 499 евра.
Поврзани артикли