Кометата на 27-ми мај ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 117 милиони километри.
Љубителите на астрономијата наскоро ќе можат да видат голем спектакл, затоа што древната комета која што не е видена во близина на Земјата илјадници години, наскоро ќе помине во нашиот дел на галактичкиот универзум.
Се очекува кон крајот на месец април истата да стане блескава како ѕвезда.
Како што објаснува Људмила Кошман, астроном во Московскиот планетариум, кометата C/2019I4 Atlas, чие јадро содржи отворено хемиско соединение наречено цијаноген, последен пат го посетила нашиот Сончев систем во текот на 4-от милениум пред нашата ера, кога Египќаните ги граделе големите пирамиди.
„Тоа можеби ќе биде најсјајната појава на нашето небо во последните седум години“ – изјавила таа.
„Поради соларниот оган, кометата почнува да развива две опашки – една гасовита, а друга составена од прашина. И двете изгледаат спектакуларно додека ги набљудувате“.
Според неа, кометата на 27-ми мај ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 117 милиони километри, а на 31-ви мај ќе се приближи до Сонцето и Меркур – планетата која што е најблизу до срцето на нашиот Сончев систем.
Таа навела дека зеленкастата нијанса на кометата ја произведува цијаногенот кој што се наоѓа во нејзиното јадро и таа станува флуоресцентна кога е погодена од УВ-зрачењето, а дека до крајот на април кометата ќе стане светла како ѕвезда во дел од соѕвездието Голема мечка, така што ќе биде видлива со голо око.
Поврзани артикли