Американската компанија Google почна да објавува податоци за локациите и движењата на луѓето за да им помогне на службениците да следат дали луѓето се придржуваат до мерките за време на пандемијата од коронавирус.
Google денес соопшти дека објавува збирни, анонимни податоци од 131 земја за да ги следи движењата на луѓето во различни временски периоди.
Google планира да ги ажурира извештаите на движење на секои два или три дена.
Извештаите покажуваат дека повеќе или помалку луѓе одат во продавници, паркови, аптеки, метроа и канцеларии.
Компанијата соопшти дека здравствените службеници рекле дека ваквите податоци би можеле да бидат од корист за донесување на одлуки за тоа како да се борат против ширењето на вирусот.
„На пример, преголема концентрација на луѓе на сообраќајните крстосници може да укаже на потреба од дополнителни автобуски и метро линии за луѓето кои мора да патуваат, да им се овозможи поголем простор поради социјална дистанца“, наведоа од Google.
Извор: B92.net