Тим на експерти од универзитетот Карнеги Мелон претстави рана верзија на апликацијата COVID Voice Detector, за која се тврди дека може да ги препознае оние кои имаат COVID-19, а само преку анализа на гласот.
Целта е да се создаде достапен начин за препознавање на болеста, а ќе биде доволно корисниците само нешто да изговорат во микрофонот на телефонот, за апликацијата потоа да утврди дали се заразени. Алгоритмите се уште се во фаза на развој, а креаторите тврдат дека би можеле да станат драгоцени алатки во следењето на понатамошното ширење на вирусот. Од корисниците се бара да се накашлаат во микрофонот на телефонот или компјутерот, и да ги изрецитираат буквите од абецедата, по што апликацијата исфрла резултати кои корисникот го информираат за тоа колку е веројатно дека има COVID-19.
Новата апликација се уште се отвора со предупредување дека не се работи за доверливо средство за поставување дијагноза, и дека нема може да биде замена за лекарскиот преглед и тестовите кои ги одобрила Светската здравствена организација. Понатаму се истакнува дека апликацијата никогаш нема да биде сигурна како земањето брис, но кога ќе биде готова, би можела да послужи за првите прегледи и за контролирање на голем број луѓе во рекорден рок.
Извор: Futurism
Поврзани артикли