Gigabyte ја претстави најновата линија Aero лаптопи за креаторите на содржини, а 17-инчниот модел на компанијата имплементира некои интересни функции за оние на кои им е битен HDR. Новите 15 и 17-инчни лаптопи делуваат значително помоќни од претходните модели, а нудат процесори до Intel Core i9-10980HK осмојадрените модели од 10. генерација, со брзина до 5.3GHz, како и Nvidia GeForce RTX 2070/2080 Super графички картички.
За помалку пари е можно да се купат и модели до Full HD екран, но на оние кои обработуваат видео и на другите креатори сигурно повеќе ќе им одговараат 4К екрани. Моделот од 15 инчи има 4K OLED дисплеј со опционална поддршка за HDR400, додека 17-инчниот лаптоп има 4K HDR400 можности.
Gigabyte, исто така, ветува складен дизајн, лесно куќиште и целодневно траење на батеријата, Thunderbolt, USB Type-C и HDMI портови, како и UHS-II SD читач на картички.
Aero 15 лаптопите ќе се продаваат по цена од 1599 до 2399 долари за HD моделите, односно од 1899 до 4099 долари за OLED моделите. Aero 17 Full HD лаптопот почнува од 1699 долари, додека Aero 17 HDR има цена од 2299 до 4299 долари.