Xiaomi своевремено беше прва компанија која објави телефон со 48 мегапикселна камера, а се работеше за Redmi Note 7. Со Redmi Note 8 Pro моделот, сензорот на камерата беше зголеме на 64MP, па потоа пристигнаа и 108MP камери преку kamere Mi CC9 Pro/Mi Note 10 моделите.
Сега, според наводите снабдувачите, Xiaomi планира да биде и прв производител кој ќе претстави 144MP сензор за телефони.
Во текот на овој процес на зголемување на мегапикселите за сензорите на камерата, Xiaomi склопи партнерство со Samsung, односно јужнокорејскиот производител ги обезбедува споменатите сензори.
Иако се уште е рано да се укаже на тоа кој смартфон на Xiaomi би можел да добие 144MP сензор на камерата, дојавувачот сугерира дека би можел да се појави на Mi CC10 Pro или Mi 10S Pro телефоните.