Компанијата Google наводно работи на нова функција за својата апликација Play Movies & TV, која на корисниците би им овозможила бесплатно гледање на стотици филмови, но со реклами.
Ваквата информација ја пренесоа сајтовите XDA Developers и 9to5 Google кои, како што тврдат, имале увид во дел од кодот за новата верзија на апликацијата Play Movies & TV. Како што пишуваат сајтовите, еден дел од кодот гласи: “Над стотици филмови, со неколку реклами”, а останатите линии во него јасно говореле во прилог на ваквата функција.
Сепак, сè уште не е познато кои филмови би можеле да се најдат во понудата, но веројатно не би требало да се надеваме на најновите холивудски остварувања со оглед на наводите дека филмовите ќе можат да се гледаат бесплатно.
Треба да нагласиме и дека Google сè уште официјално не објавил ништо за бесплатните филмови во рамки на апликацијата, но сепак, доколку ваквите тврдења се вистинити, тоа би можело да биде почеток на конкуренција на Netflix, Disney + и слични платформи.
Поврзани артикли