Од 6 април на македонскиот пазар ќе се продаваат 3 нови модели, претставници на авангардната P серија со врвен дизајн и камера на Huawei – Huawei P40 Pro, Huawei P40 lite и Huawei P40 lite E. Тие ја опфаќаат високата, средната и најдостапната класа на модерни паметни телефони. Клучен дел од стратегијата на компанијата е да се демократизираат високите технологии, правејќи ги пософистицирани и, во исто време, подостапни за сите. Ова се рефлектира во воведување на фото и видео моќност и функционалност, до неодамна достапна само со врвни камери, како и во развојот на модели кои нудат најнапредни функции кај стилски уреди со привлечни дизајни и уште попривлечни цени.
Huawei P40 Pro
Првото нешто што ќе забележите е кристално чистиот дисплеј, заоблен на сите четири страни на телото, со ергономски заоблени агли. Одржува стапка на освежување до 90Hz, поради што сè што гледате на него изгледа толку природно, дури и најсложените игри. Кога го користите уредот за разговори, ќе забележите дека звукот доаѓа од него и ги слушате вашите пријатели како во живо. Дизајнот е надополнет со стилски бои: Silver Frost, Ice White и Black, и силно изразен фотографски блок на задниот дел кој ги интегрира сите камери – UltraVision главна камера, посебна кино камера, телефото камера и сензор за длабочина. Фотографиите и видеата при слаба светлина се веќе заштитен знак на серијата, а тука тие се на уште повисоко ниво благодарение на физички најголемиот сензор во мобилната индустрија и филтерот за бои RYYB, што пренесува повеќе светлина. Камерата постигнува ISO 51200 при слабо осветлување и Ultra-Slow motion видео до 7680fps.
Селфи камерата е двојна, исто така со сензор за длабочина, за автопортрети со природен bokeh ефект. Со неа, сега можете да снимате и селфи 4K видео.
Моќната камера бара исто толку моќна и голема хардверска платформа, и тука е најновиот чипсет Kirin 990 5G, како и графиката Mali-G76. Платформата обезбедува високи перформанси потребни за изедначување на некои од многу привлечните додатоци засновани на AI, како што се автоматско правење повеќе кадри во серија и нудење на најдобрите од нив, расчистување на случајни навлезени предмети во кадарот, приближување на звук при зумирање на видео, и друго.
Исто така, ја оптимизира потрошувачката на енергија и го продолжува животниот век на батеријата од 4200mAh, која се полни супер брзо со вклучениот полнач од 40W и исто така поддржува безжично полнење од 27W.
На македонскиот пазар, P40 Pro ќе излезе во продажба од 6 април до 30 јуни, во пакет со Huawei Watch GT 2 и 50 GB дополнително бесплатно складирање на Huawei Cloud за 12 месеци. Количините на пакетот се ограничени.
Huawei P40 lite
Huawei P40 lite најпрво примамува со своите атрактивни бои – Crush Green, Sakura Pink и Midnight Black, 3D закривени агли, биометриски сензор за отклучување од страна, Punch View дисплеј и фотографски квадратен блок на задниот дел во кој се наоѓа неговата четирикратна камера – главна камера од 48MP, 8MP широкоаголна камера, 2MP макро камера и 2MP bokeh камера. Моделот прави висококвалитетни слики, вклучително и при слаба осветленост, со поддршка HDR+ и користи AI технологии за видео уредување, како и за некои забавни карактеристики како моделирање на телото.
Благодарение на ажурираната технологија за сегментација на слики, исто така ќе уживате во супер ноќно селфи со 16MP резолуција. Високата технологија што се користи во овој достапен модел е надополнета со батерија од 4200mAh и брзо полнење од 40W – паметниот телефон се полни од 0 до 70% за само 30 минути. Неговите високи перформанси се должат на 8-јадрениот Kirin 810, произведен со употреба на 7nm технологија, 6GB RAM, 128GB ROM и GPU Turbo 3.0. Со купување на овој уред, добивате и 15GB дополнително складирање на Huawei Cloud за 12 месеци.
Huawei P40 lite E
Huawei P40 lite E, исто така, располага со свеж, модерен дизајн во Aurora Blue и Midnight Black. Тоа е најдостапниот модел од серијата P40, по цена од 11,999.00 денари при купување на уред и нуди додатоци од многу повисока класа – препознавање на лице при отклучување, трикратна главна камера со режим AI и Super Night Photo, bokeh ефект, Slow motion видео од 480fps, како и HDR портретни функции на предната камера со 3D осветлување на лицето. Исто така, доаѓа со моќна батерија од 4000mAh. Кај нас ќе се продава во 4GB RAM конфигурација, 64GB ROM и 15GB дополнителен простор за складирање во Huawei Cloud за 12 месеци.
Сите три модели на P40 се базираат на Android и соодветната верзија на добро познатиот корпоративен интерфејс на EMUI, не го поддржуваат Google Play и доаѓаат со своја сопствена продавница за апликации – Huawei AppGallery, која практично ќе ги пронајде глобалните и локалните апликации што ви се потребни. Во нашата земја, Huawei исто така нуди специјална Huawei VIP услуга за непречена транзиција од стариот на вашиот нов телефон.
Продажбата ќе започне на 6 април преку онлајн каналите и избраните продавници на партнерот Сетек (Нептун и Македонски Телеком кон крајот на месец април). Мобилните оператори ќе ги понудат уредите со своите програми за претплата, а препорачаните цени за слободна продажба на крајниот потрошувач се 59,999.00 денари за Huawei P40 Pro + Huawei Watch GT 2 + 50GB Huawei Cloud пакетот, 17,999.00 денари за Huawei P40 lite + 15GB Huawei Cloud, и 11,999.00 денари за P40 lite E + 15GB Huawei Cloud.
Целосни карактеристики на секој модел:
HUAWEI P40 Pro | HUAWEI P40 lite | HUAWEI P40 lite e | |
---|---|---|---|
Бои | Ice White, Silver Frost, Black | Midnight Black, Crush Green, Sakura Pink | Aurora Blue, Midnight Black |
Меморија1 | 8GB+256GB | 6GB+128GB | 4GB+64GB |
Процесор | HUAWEI Kirin 990 5G | HUAWEI Kirin 810 (7nm) | HUAWEI Kirin 710F |
Основна камера2 | 50MP Ultra Vision камера (широкоаголна, f/1.9, OIS) 40MP кино камера (широкоаголна, f/1.8) 12MP SuperSensing телефото камера (f/3.4, OIS) 3D камера за длабочина | 48MP камера (широкоаголна, ƒ/1.8) 8MP камера (ултра широкоаголна, ƒ/2.4) 2MP bokeh камера (ƒ/2.4) 2MP макро камера (ƒ/2.4) |
48MP основна камера (f/1.8) 2MP bokeh камера (f/2.4) 8MP камера (ултра широкоаголна, f/2.4) |
Предна камера | 32MP селфи камера (f/2.2, авто фокус) Камера за дълбочина | 16MP селфи камера (ƒ/2.0) | 8MP селфи камера (ƒ/2.0) |
Батерија3 | 4200 mAh (типична вредност) HUAWEI SuperCharge (макс. 40 W) Безжично полнење HUAWEI SuperCharge (макс. 27W) | 4200 mAh (типична вредност) HUAWEI SuperCharge (макс. 40 W) | 4000 mAh (типична вредност) |
Водоотпорност4 | IP68 | ||
Дисплеј5 | 6.58“ OLED Резолуција: 2640*1200 пиксела | 6.4” LCD HUAWEI Punch FullView Резолуција: 2310*1080 пиксела | 6.39” TFT LCD(IPS) Резолуција: 1560*720 пиксела |
Оперативен систем | EMUI 10.1 (базиран на Android 10) | EMUI 10.0.1 (базиран на Android 10) | EMUI 9.1.1 (базиран на Android P) |
Големина и тежина6 | 158.2мм*72.6мм*8.95мм Приближно 203 г (заедно со батерија) | 159.2мм*76.3мм*8.7мм Приближно 183 г (заедно со батерија) |