Водечкиот јапонски производител на автомобили Toyota нема да го обнови производството во своите погони во европските земји најмалку до 20 април поради ширењето на новиот коронавирус.
Станува збор за погоди во Турција, Португалија, Велика Британија, Полска, Чешка и Франција кои не работат од 16 март. Фабриката во Санкт Петербург е затворена за периодот од 28 март до 5 април.
Во моментов, сите фабрики на Toyota во европскиот регион не работат. Минатата година компанијата произведе околу 780,000 возила во Европа.
Поради коронавирусот, јапонскиот концерн претходно делумно го запре производството во своите погони во Северна Америка и Југоисточна Азија.