Компанијата Apple планира да ги претстави новите модели на iPhone оваа есен и покрај пандемијата предивикана од коронавирусот SARS-CoV-2.
Иако пандемијата предизвика стопирање на производството ширум светот и затварање на сите продавници на Apple надвор од Кина, плановите на компанијата остануваат непроменети кога станува збор за претставување и продажба на новиот iPhone кој најверојатно ќе поддржува 5G мрежа и ќе носи назив iPhone 12.
Производството ќе започне во текот на ова лето, а се очекува новиот смартфон да биде претставен oваа есен.
Овој нов извештај не се согласува со претходните во кои беше наведено дека Apple планира да го одложи производството на неколку месеци поради проблеми со добавувачите, но и поради намалената продажба.
Но, извештајот на Bloomberg е фокусиран на кинескиот гигант Foxconn кој е најважен партнер на Apple во производството. Сепак, производството на iPhone зависи и од други партнери од ланецот на снабдувачи.
Се појавија и гласини дека Apple во март ќе претстави поевтин iPhone под назив iPhone SE 2 или iPhone 9, но со оглед на тоа дека денеска е последниот ден на март, претставувањето е тешко дека ќе се оствари.
Извор: Klix.ba