За помалку од една недела, направени е помагало за дишење со цел да им овозможи на пациентите да избегнат интензивна нега, пренесува Би-би-си.
Инженерите од Универзитетот во Лондон работеле со лекарите во Универзитетската болница во овој град и Мерцедес Формула 1 за да направат уред кој испорачува кислород во белите дробови, без потреба од респиратор. Уредите за континуиран проток на воздух во дишните патишта (CPAP) веќе се користат во болниците, но засега се во мал број.
Кина и Италија се земји кои ги искористија овие помагала кај пациентите со Ковид-19.
Четириесет нови уреди се испратени во Универзитетската болница во Лондон и во три други установи во овој град. Доколку тестирањата минат добро, Мерцедес-АМГ-ХПП може дневно да произведува до 1.000 вакви уреди на ден. Регулаторната агенција за лекови и производи за здравствена заштита во Велика Британија веќе ја одобри нивната употреба.
Уредот овозможува постојан доток на мешавината од воздух и кислород во устата и носот на пациентот. Ова е направено под притисок, што значи дека белите дробови остануваат отворени, со што се зголемува количината на кислород што влегува во нив.
Ова го намалува напорот потребен за дишење, особено кога алвеолите се ослабени од респираторно нарушување како Ковид-19.
За разлика од едноставната маска за лице поврзана со снабдување со кислород, CPAP испорачува воздух и кислород под притисок, така што мора да има маска што цврсто стои на лицето на пациентот, преку устата и носот или пак тоа ќе се правии со поставување на процирен шлем на главата.
Дури и така, ова е многу помалку нападно од респираторите, за кои пациентите мора да бидат силно седатирани и да им се вметне цевка во дишните патишта.
„Употребата на CPAP машините кај пациенти со заразни респираторни инфекции е малку контроверзна затоа што секое мало протекување околу маската може да ги растера капките од пациентот и да го зарази медицинскиот персонал“, вели Данкан Јанг, професор по интензивна нега, кој е еден од професионалците кои критички пристапува кон овој нов уред.
Сепак, неговиот колега, професорот Мервин Сингер смета дека ризикот може да се намали ако на пациентот му се стави еден вид на заштитен шлем.