Viber, WhatsApp, Messinger, па дури и Instagram се меѓу омилените начини на размена на видео повици. Во моментите на изолација и пандемија на коронавирусот, се повеќе луѓе работат од дома, па и поголема е потребата за некои посериозни и побезбедни апликации за видео чет. Еве ги препораките:
Zoom Meeting
Според многумина, ова е најдобрата опција за бесплатен конференциски видео чет со сигурна енкрипција, во кој може да учествуваат до 100 луѓе.
Достапен е за сите платформи и дава можности за повици еден на еден, групни видео повици, но имате ограничување од 40 минути, што и не е толку лоша опција. Добрата страна е што лесно можат да се делат фајлови, а преку Microsoft Outlook и Chrome можете да закажувате состаноци со доста голема слобода на контрола на разменетите пораки. Исто така, можете да разменувате видео пораки со останатите учесници во состанокот, а тие можат да се прегледаат и подоцна, бидејќи не се бришат автоматски.
Cisco Webex Meetings
Со името како Cisco одат и големите очекувања, а WebEx Meetings нема да ве разочара, дури и ако ја изберете бесплатната опција. На овој начин можете да направите видео чет во кој можат да учествуваат до 100 луѓе, сите во HD резолуција со можност за делење на екранот и приватни четови.
При регистрацијата добивате личен IRL, кој го користите да управувате со сите состаноци и да имате пристап до претходно направените снимки. Бесплатниот пакет ви дава 1GB на cloud, неограничен број на видео повици без никакво ограничување, како и можност од секој разговор да направите MP4 запис. Исто така, сигурноста на врската е на завидно ниво.
Webex Meetings е дополна и преку сајтот и апликацијата.
Skype
Skype веројатно е најпозната и најчесто користена опција за видео повици, барем кај нас. Зад Skype стои Microsoft, а подеднакво добро функционира и како средство за групни повици, на кои можат да им се приклучат до 50 луѓе. Една од предностите е и тоа што не морате ни да имате апликација, бидејќи може да се покрене од веб прегледникот, па можат да ви се придружат и оние кои дури немаат ни профил, доволно е само да им испратите покана на мејл.
Тука е опцијата за поделба на екранот за полесно да можете да се фокусирате на лицето со кое разговарате, а можете и да ја заматите позадината, ако не сакате зад вас да се види просторијата во која сте, или пак да го снимите целиот разговор.
Постои и можност за платен апгрејд за оние кои планираат на овој начин да имаат нешто посериозни конференциски повици, во кои можат да се вклучат до 250 луѓе.
FreeConference
Free Conference функционира по принципот што поедноставно, тоа подобро. Нема потреба било што да инсталирате, иако постои апликација. Служи за размена на пораки или видео разговор, но има ограничување од пет учесници на повик.
Одлична е опцијата за разговори со странство, а конфигурацијата и закажувањето на повиците се едноставни и можат да се завршат и преку Outlook. Ако платите, имате и дополнителни опции за нешто понапредна заштита на податоците, видео снимање и транскрипт на целиот состанок.
Google Hangouts
Google има бројни сервиси за размена на пораки, а дури и Google Hangouts е поделен на Meet деловите Meet и Chat опцијата. Hangouts може во чет да поддржи до 150 луѓе, но само 10 во видео повик, па опцијата Meet, која инаку се плаќа е подобра варијанта. Меѓутоа, Google во текот на пандемијата, односно барем до 1. јули оваа година, ова го понуди бесплатно, како и опцијата за снимање на Google Drive.
Во секој случај, Google Hangouts е едноставен за користење и претставува најдобра опција за мали состаноци, бидејќи подеднакво добро работи на сите мобилни платформи или на десктоп, а може да се отвори и од веб-браузер.
JITSI
Jitsi е доверлива и доста сигурна опција за виде чет, било да би треба за разговор со пријателите или за бизнис состанок. Првата предност е тоа што нема потреба учесниците во видео разговорот да мораат да креираат профил на Jitsi Meet или да ја преземаат апликацијата, а не морате со никого да го делите бројот на телефонот. Доволно е само да им ја ископирате IRL адресата од сајтот на оние со кои сакате да зборувате и автоматски ќе му се придружат на „состанокот“.
Имате можност за поделба на екранот, достапен е на сите платформи и уреди, а и покрај тоа што можете да извршите видео или аудио повик и разменувате пораки на чет, можете со соговорниците да делите документи и YouTube видео клипови. Исто така, има таканаречена end-to-end енкрипција помеѓу луѓето кои ги користат, што значи дека вашето видео или друга содржина од трети страни, речиси никако не може да се пронајде или сними.
MARCO POLO
За малку поопуштена варијанта, тука е апликацијата Marco Polo. Ова не е нешто ново на пазарот, но ќе ви послужи за конекција со пријателите, бидејќи дава можност да испратите кратко видео и да им одговорите во стил на Snapchat, со тоа што пораките не исчезнуваат, освен ако двете страни не ги избришат. За среќа, своето видео можете секако да го избришете, доколку се предомислите и зажалите што воопшто сте го испратиле.