– Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5G мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5G мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5G мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани. Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни, соопштија од МИОА.
Од Министерството наведоа дека во нашата држава до сега се направени само две тестирања и тоа, едно во 2018. година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019. година, на ограничен простор.
Од Министерството истакнаа дека лажните вести имаат непроценлива штета, особено во вонредни ситуации како што е оваа со корона вирусот и кај нас и во светот.
– Одговорноста е на сите нас да придонесеме кон намалување на ризиците. Тоа може да го направиме само ако сме доволно и точно информирани, од релевантни и проверени извори, нагласија од МИОА.