Платформата за споделување фотографии и видео Instagram, која е во сопственост на Facebook, објави дека ќе ја отстрани содржината поврзана со коронавирусот од делот за препораки и од опцијата „Explore“, освен ако информациите не бидат објавени од доверливи здравствени организации, напиша „Блумберг“.
„Ќе започнеме со бришење содржини во потокот со вести и во „сторис“, што се идентификувано како неточни од трети страни, кои вршат проверка на факти“, велат од компанијата.
Минатата недела, друг играч од индустријата, Twitter, објави дека ќе ги спречи корисниците да објавуваат погрешни информации за новиот коронавирус, вклучително и стручни насоки и промоција на измамнички третмани, што ќе ги заостри нејзините „лежерни“ правила во однос на слободата на говорот
Претходно овој месец, Facebook соопшти дека ќе обезбеди бесплатни реклами до Светската здравствена организација затоа што сака да ги увери корисниците дека не се дезинформирани за вирусот.
Сето ова доаѓа по годините во кои остро се критикуваше Facebook дека дозволува да се дистрибуираат погрешни информации во нејзините услуги.