Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) уште еднаш на матичната планета испрати призори од Црвената планета, снимени со помош на High Resolution Imaging Experiment (HiRISE) камерата. Во прашање се снимки на рамнини јужно од областа Juventae Chasma.
Фотографиите се направени уште во јуни, 2017. година, но дури сега пристигнаа до Земјата и прикажуваат три типа на терени. Во горниот дел на снимката можат да се видат рамнини со кратери и засеци, што е посебно интересно, бидејќи укажува на тоа дека на Марс некогаш имало канали со вода што тече. Снимените призори донесуваат и докази за постоењето на ерозија, што најдобро се гледа на втората (црно-бела) фотографија, бидејќи ерозивното подрачје зазема две третини од снимките.
Експертите врз основа на овие фотографии би можеле да дознаат повеќе за геолошката историја на Марс, а на обичноте посматрачи би можеле да им послужат како портал за бегство во вселената, и за свртување на вниманието од актуелните теми.