Претходно имавме прилика да видиме дека OnePlus 8 Pro ќе има punch-hole селфи камера, а сега се појавија фотографии на телефонот во живо кои ја прикажуваат предната страна и задната страна на уредот.
Новиот AMOLED екран ќе нуди освежување до 120Hz, a Pro моделот на задната страна ќе има четири камери плус 3D ToF senzor. Се очекува дека главната камера ќе користи 64MP Sony IMX686 сензор (0.8µm пиксели). Батеријата со капацитет од 4500mAh ќе поддржува 50W полнење.
OnePlus ќе го претстави и стандардниот OnePlus 8, кој ќе има сличен дизајн, но ќе биде помал од Pro моделот. Двата смартфона се очекуваат во сива и сина варијанта, а би можеле да видиме и Olive Green или Matte Gold варијанти.
Телефоните се очекуваат во текот на април, додека во продажба би можеле да се најдат во мај. Во текот на овој месец имавме информации и за One Plus 8 Lite моделот, но најновите детали сугерираат дека уредот всушност ќе го носи името OnePlus 8s и ќе го покренува Dimensity 1000L чипсет.