Јужнокорејската интернет страница The Elec наведува дека компанијата LG Display во мај оваа година ќе почне со масовно производство на ОLED TV панели во својата фабрика во кинескиот Гуангжу.
Почетокот на производство на почетокот беше закажан за август, 2019. година, за потоа поради разни проблеми да биде одложен за јануари 2020. година. На крајот, почетокот на производство повторно е одложен, овој пат поради епидемијата на коронавирус (COVID-19) во Кина. Производните капацитети во текот на вториот квартал од годината ќе бидат 15.000 супстрати месечно, потоа 45.000 супстрати во текот на третиот квартал и ќе достигнат капацитети од 60.000 супстрати до крајот на годината.
И тука може да се истакне ревизијата на старите планови, со оглед дека оригиналните планови предвидувале производство на 15.000 супстрати месечно во првиот квартал, 40.000 во вториот квартал, 45.ооо во третиот и 70.000 во четвртиот квартал.