Кина го почна своето прво клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус.
„Во петокот 108 доброволци, поделени во три групи, ги добија првите инјекции“, објави кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“.
Волонтерите се на возраст од 18 до 60 години и сите се од градот Вухан, каде што се појави Ковид-19 во декември минатата година.
Нивното здравје ќе се следи шест месеци.
Мултинационалните фармацевтски компании објавија во четвртокот дека за вакцината против САРС-КоВ-2 ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци.
Во исто време, Русија објави дека почнала со тестирање вакцини на животни, а првите резултати ќе бидат познати во јуни.
Од коронавирус досега во светот починаа 14.705 луѓе, над 340.067 се заразени, а излекувани се 99.027.
Поврзани артикли