Компанијата својот најголем настан во текот на годината го откажа поради пандемијата на коронавирусот, која не покажува знаци на забавување. Од Google прво објавија дека настанот ќе биде физички откажан и ќе ја одржи конференцијата онлајн, меѓутоа сега и тоа е откажано.
„Поради здравствени и безбедносни ризици за нашите програмери, работници, но и сите оние кои би биле вклучени во настанот, со жалење известуваме дека нема да ја одржиме годинашната I/O конференција на било кој начин“. Покрај тоа, во соопштението е додадено и дека „сега е најважно да им помогнеме на оние кои се соочуваат со предизвиците со кои сите се соочуваме“.
На I/O конференцијата, која обично се одржува во текот на мај, Google обично ги прикажува новите можности на Android и другите свои услуги, или најавува нови хардверски производи. Сега, кога се е откажано, не е јасно кога и како компанијата ќе ги објави новитетите.
Поврзани артикли