„А1 Македонија“ ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од COVID -19 вирусот.
Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата видео конференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видео учесници, хостирано на платформата на А1.
Со услугата видео конференција може да реализираат квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации, а е достапна преку лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.
Услугата видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка.
Две недели пред истекот на бесплатниот период сите корисници ќе добијат известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.
Поврзани артикли