Кинеската управа за човечки ресурси призна нови професии за да биде во чекор со економскиот и технолошкиот развој.
Новите професии, главно во развојните и услужните сектори, вклучуваат техничари за паметно производство, индустриски интернет-техничари, техничари за виртуелна реалност, менаџери на синџири за снабдување, тренери на вештачката интелигенција, управувачи на обединети медиуми, респираторни терапевти, се вели во заедничката изјава на министерството за човечки ресурси и социјална сигурност и сродните оддели.
Бидејќи кинеската економија се движи кон квалитетен развој, во разни индустрии се појавија нови работни места за кои се потребни нови вештини и знаења.
Новите работни места може да поттикнат развој на сродните индустрии, да го зајакнат вработувањето и стручното образование и обуката.
Ова е вторпат Кина да додаде нови професии на својата листа. Во април 2019 година Кина ги објави првите 13 нови професии.
Извор: Nezavisne.com