Компанијата Blue Origin во 2018. година доби 500 милиони долари за развивање на New Glenn ракетата, која би можела да лета до одредени точки во вселената и повтоено да се враќа на матичната планета.
Како инспирација послужи ракетата Falcon Heavy на компанијата Space X, а во последните две години не се слушна многу за проектот, се додека компанијата пред неколку дена не подели нови информации.
Заинтересираните можеа да видат дека во прашање е ракета, која според димензиите ги надминува сите актуелни ривали, а посебно кога е во прашање предниот дел на ракетата, чии димензии во иднина би можеле да овозможат и транспорт на поголеми сателити. Покрај тоа се претставени и BE-3U мотори, кои се успешно тестирани, така што експерите кои работат на проектот сега можат да се концентрираат на хардверот.
Првиот тест лет е се уште далеку, а се претпоставува дека New Glenn, кога еднаш ќе полета, ќе биде сериозна конкуренција на ракетата Falcon Heavy, а во план е и поголемо летало на New Armstrong, кое ќе стане директна конкурецијат Starship ракетата на SpaceX.