Една компанија за сајбер безбедност има голем број на „мамци“, односно сервери кои се поставени во земји ширум светот со цел да откријат на кои начини хакерите се обидуваат да нападнат.
Лозинката која хакерите најчесто ја пробуваат кога се обидуваат да упаднат во системот на некој уред е “admin”. Оваа лозинка не би требало да се користи на било кој уред, а посебно не на оние кои се поврзани на интернет.
Останатите најпопуларни лозинки кои хакерите ги внесуваат при обидот за упад на некој уред се “12345, default, password и root”.
Минатата година, Националниот центар за сајбер безбедност во Велика Британија имаше извештај дека лозинката “123456” е пронајдена во 23 милиони пати од пронајдените прекршоци.
Поврзани артикли