Во холандската покраина Гронинген до крајот на годината ќе биде завршен најдолгиот велосипедски и пешачки мост во Европа.
Така наречениот „Син тепих“ ќе биде долг 800 метри и ќе ги поврзува градот Винсхотен со блиското село на брегот на езерото Олдамбтмеер.
Иако е проектиран за велосипедисти и пешаци мостот ќе биде адаптиран и за локалните лилјаци.
Конструкцијата на мостот ќе биде опремена со специјални LED светла кои ќе им помагаат на овие ноќни животни да го пронајдат патот од нивното живеалиште до местото каде ловат храна, од другата страна на езерото.