Space X ќе испрати тројца туристи на 10-дневно патување до Меѓународната вселенска станица кон крајот на 2021 година. Притоа ќе ги користат ракетата „Фалкон 9“ и своето ново вселенско летало „Кру драгон“. Ова е втора голема најава на програмата на вселенскиот туризам оваа година.
Седум цивили веќе престојуваа во Меѓународната вселенска станица, еден од нив таму беше двапати, но оваа мисија ќе биде првото целосно приватно патување на ISS.
Вселенските туристи ќе поминат вкупно два дена на пат кон станицата и назад, а таму ќе поминат осум дена делејќи го просторот со астронаутите што работат таму. Пакет-аранжманот ќе чини околу 55 милиони долари, а едно место веќе е резервирано, пренесува „Њујорк тајмс“.
Поврзани артикли