Сун Дајонг е кинески архитект и автор на оделото „Be a Batman“ кое се состои од влакна во облик на крилја од лилјак, а може да се носи и како ранец, пишува Daily Mail.
Материјалот од термопластика се растегнува и овозможува создавање на меур околу човекот кој го носи за да се заштити од коронавирус. Направата е опремена со УВ светла кои поради високите температури можат да го убијат секој патоген во воздухот, па човекот кој го носи оделото останува во стерилен простор.
Но, Светската здравствена организација истакнува дека не треба да се користат УВ ламбите на кожата бидејќи тој тип на светлина ја оштетува кожата и создава иритации.
View this post on InstagramA post shared by penda china (@penda_china) on
Дизајнот на оделото ги имитира крилјата на лилјакот, животно кое е наводен виновник за појавата на вирусот, но истражувањата покажуваат дека лилјаците всушност се имуни на зараза. Се смета дека причината лежи во нивните летачки способности со оглед на фактот што во текот на летот развиваат температура на телото до 40 Целзиусови степени и имаат брз метаболизам кој оневозможува ширење на патогени.
„Коронавирусот умира на температура од 56 Целзиусови степени. Термопластичниот слој делува како ветробранско стакло, во него се наоѓаат грејачи кои го топат мразот и снегот во зима. Но, имаме уште многу работа за да создадеме реален производ”, изјавил Сун пред новинарите.
Инспирацијата ја пронашол во фиктивниот јунак Бетмен и објаснил дека тој ги поместува границите на човечката можност, а факт е дека лилјаците се можен извор на Ковид-19.
„Лилјаците се цицачи како луѓето, со различни вариетети и долговечност поради што се идеален домаќин за коронавирусот. Промените на температурите на телото им овозможуваат да бидат носител на вирусот, но истовремено го спречуваат неговото ширење низ телото”, додал Дајонг кој се надева дека наскоро ќе пронајде инвеститор за своето одело за тоа да стане достапно за човештвото.
Извор: Espreso.rs