Потрагата по живот на Марс привлекува многу внимание кај научниците и тоа поради добра причина.
Во последните неколку години, научниците откриле многу за геолошката разновидност и историја на Црвената планета па астрономите се сè пооптимисти дека ќе откријат траги на живот, сегашен и некогашен, пишуваат од Ен-Би-Си.
Прашањето за животот на Марс бара и нови научни концепти и знаења за тоа каде би требало да се врши истражувањето на Црвената планета.
Астробиолозите и другите експерти се занимавале со некои од овие прашања на научната конференција во Ново Мексико. Тие расправале за тоа кои се најефикасните начини за потрагата на живот на Марс, со системите за собирање податоци, но и без нив.
Во таквите системи спаѓа и „Марс 2020 ровер“, возилото кое го дизајнираа од НАСА и кое ова лето ќе биде лансирано во вселената за да стигне на Црвената планета и да почне со собирање податоци кои би биле корисни за истражувачите.
Длабоките пештери кријат живи суштества?
Учесниците на конференцијата биле согласни дека најдобро е животот на Марс да се бара во подземните пештери и во солта и мразот. Сувата и ладна површина на Марс, со висок степен на радијација се смета за ненаселена, но подземните премини хипотетички би можеле да бидат погодни за живот затоа што можеби имаат способност да ги заштитат живите суштества од површинските фактори, пренесува порталот „Кликс“.
Влада Стаменковиќ, научник кој работи во лабораториите на НАСА за млазен погон во Пасадена, Калифорнија, ја поддржал идејата за проучување на подземјето.
„Површината на Марс е непријателско опкружување под радијација каде што водата не може долго да опстои. Најмала е веројатноста дека на површината може да се пронајде живот. Подземните води би можеле да бидат единстветото “престојувалиште“ на моменталниот живот на Марс, доколку тој и понатаму постои“ – изјавил тој.
Воздухот во пештерите е ослободен од радиоактивни компоненти
Во изминатите неколку години на површината на Марс откриени се кратери на вулкани и пештерски отвори. Бидејќи кратерите се покриени со стврдната лава, се смета дека одредени докази за постоење на животот би можеле да се пронајдат под нив.
Научниците, на Земјата преку истражување на пештерите откриле дека во нив постои активност на микроби кои се различни од површинските затоа што условите во пештерите се разликуваат од оние на површината.
Потребно е да се направи многу за да се пронајдат живи суштества на Марс или пак траги на некогашен живот, но пештерите се сметаат за најдобрата почетна точка. Тие исто така не се опасни за истражување како што многумина мислат затоа што најверојатно настанале во текот на некаков природен процес па не се толку ризични како што се рудниците.
Поврзани артикли