Дивизијата на компанијата OnePlus од Индија објави краток видео клип на Twitter, со кој навестува дека новиот уред ќе биде прикажан на 3. март.
Видеото не открива никакви детали за тоа кој и каков производ е во прашање, но благодарение на OnePlus UK одделение, знаеме дека не се работи за телефон или било каков комерцијален производ.
2020 is the year of surprises. Can you guess what's coming up? pic.twitter.com/EWWi1MEwo0
— OnePlus India (@OnePlus_IN) February 28, 2020
Тоа сугерира дека не би требало да се очекуваат новитети за OnePlus 8 серијата во текот на претстојната презентација. Сепак, гласините сугерираат дека кинеската компанија ќе ја претстави OnePlus 8 серијата во текот на март или април.
Поврзани артикли