Facebook поднесол тужба против компанијата OneAudience, која ја обвинуваат за кражба на лични информации на нивните корисници. Според таа тужба, OneAudience им плаќала на независните програмери да инсталираат малициозен SDK во своите апликации, кој им овозможува на корисниците да соберат податоци за корисниците без нивно знаење.
Првите информации за тоа дека податоците за корисниците „протекле“ се појавиле во ноември минатата година, кога Facebook и Twitter ги потврдија тврдењата на независните истражувачи за безбедност. Facebook открил дека OneAudience и уште една компанија Mobiburn ја користат SDK за да соберат информации за корисниците (имиња, емаил адреси, пол…), по што тие ги информирале 9,5 милиони корисници дека нивните податоци се потенцијално компромитирани.
Покрај тоа што решиле да покренат тужба, од Facebook најавиле дека ќе продолжат да ги известуваат клиентите за кои се сомневаат дека би можеле да бидат оштетени.
Поврзани артикли