Општо познато е дека кучињата се паметни животни. Освен што можат да се дресираат за да пронаоѓаат исчезнати луѓе, сокриена дрога, експлозиви и други предмети, тие благодарение на своето остро сетило за мирис можат да откријат и болест кај сопственикот.
„Кучешкото душкање може да стигне до единици во трилиони молекули, значи нешто што може да се спореди со капка вода во еден олимписки базен, а тоа е големината на молекула која што кучето може да ја открие. Тие имаат 40 пати повеќе рецептори од човекот и мислам дека за нас е непоимливо да доживееме нешто такво“ – објаснува д-р ветеринар Марио Бабиќ.
Тој исто така истакнал дека благодарение на тоа кучињата можат да ја душкаат секоја промена на нашето тело.
„Сè што го менува нашиот мирис па дури и на молекуларно ниво за кучето е интересно и тој тоа ќе го “намириса“. Проблемот е во тоа што потоа ние мора да истажиме кои се тие здравствени состојби или болести кои нè менуваат во таа мера тоа да стане достапно за кучињата за потоа да можеме и нив да ги научиме како да реагираат на различни болести во улога на помагачи и спасувачи на нашите животи. Сепак, треба да знаме дека кучето не е машина за и тоа што ќе го намириса да има висока веројатност, а не стопостотно решение. За некои болести и здравствени состојби веројатноста е многу висока и се движи до 80 отсто точност, но и понатаму постои можност тоа да биде само веројатност, а не факт“ – вели д-р Бабиќ.
Кучето благодарение на своето душкање може да ги открие следните состојби:
1. Паркинсонова болест и мигрена;
2. Промена на нивото на шеќер во крвта;
3. Карцином;
4. Идентитет;
5. Епилептичен напад;
6. Знае кога сте допирале друго куче;
7. Бременост;
8. Невреме и ураган;
9. Адисонова болест.
Поврзани артикли