Овој уред му овозможува на камионот да се движи без возач.
Мобилен покривен модул за автономно управување со возилото смислија во КАМАЗ. Проектот го доби називот „Аватар”, соопшти прес-службата на челјабинското претпријатие.
Модулот му овозможува на камиот да се движи во сообраќајот без возач. За разлика од својот претходник од проектот „Одисеј“, „Аватар“ е дополнително опремен со резервен систем за автономно управување, систем на органи за носење одлуки и систем fusion кој го сочинуваат различни сензори. Тоа ја зголемува безбедноста на движењето, а исто така овозможува да се постигне и безбедност во случај на дефект или оштетување на главниот систем. Доколку тој откаже во целост, доаѓа до безбедно сопирање по пат на испраќање команди до погонскиот систем на автомобилот. Така во целост се елиминира човечкиот фактор, со оглед на тоа дека системот за автоматско управување не се заморува и не може да заспие.
„Аватар” е во состојба да направи дигитална мапа на патиштата со помош на 3D-лидар (оптички мерен инструмент), а потоа врз основа на мапата самостојна ја изработува маршрутата. Операторот ја наведува крајната точка, системот ја даунлодира мапата, ја дефинира маршрутата, а потоа започнува да се движи по зададената траекторија. Во автономен режим возилото може да се движи со брзина до 60 километри на час. Во иднина ограничувањата ќе ги поставува купувачот.
Проектирањето на „Аватар“ започна 2018 година во Научнотехничкиот центар на КАМАЗ. Во моментов е во тек изработка на алгоритам за управување и носење одлуки, прилагодување на софтверот, проверка и тестирање на системот во реални услови. Модулот се тестира на камион КАМАЗ-43118. Конструкторите планираат да го опремат „Аватар” со квадрокоптер, со чија помош може да се врши дигитализација и составување на мапата на теренот. Потоа прибраните податоци ќе одат во модулот, што ќе му овозможи на возилото поквалитетно да ја дефинира траекторијата и самостојно да поминува поголеми растојанија.
„Новиот уред „Аватар“ овозможува веќе постојните возила да се направат „паметни“, што отвора можност ефикасно и со помали трошоци да се зголеми возниот парк на автономна техника. Воведувањето на овој уред во иднина може да доведе до помасовно користење на автономен сообраќај на територијата на Русија“, истакна извршниот директор на „Ростех“ Олег Евтушенко.